трговија

Од утре без гарантирани цени, инспекциите на терен

29.02.2024 13:13

Граѓаните стравуваат од нов ценовен удар, институциите најавуваат засилени инспекциски контроли...

Последен ден со гарантирани цени на основните прехранбени производи. Истекува важноста на мерката, како и одлуката за намалени увозни давачки за зеленчукот. Граѓаните стравуваат од нов ценовен удар, институциите најавуваат засилени инспекциски контроли. Има ли гаранција дека нема да се дозволи драстично поскапување на производите, известува Ана Јосифоска – Тодоровска.