Се намалува цената на парното за деловните корисници
Регулаторната комисија за енергетика за 35 отсто ја намали цената на парното греење за сите деловни корисници во Град Скопје…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука. Поевтинува парното за деловните субјекти, малите дуќани, училиштата, јавните институции.
Резултатите покажаа дека во изминатиот период цената на природниот гас на берзата е пониска од предвидената со што се исполнуваат условите да се донесе поволна одлука за категоријата останати корисници, кои, пак, во турбулентниот период на енергетската криза го преземаа товарот и добиваа реални сметки за разлика од домаќинствата, кои во цел овој изминат период на енергетска криза добиваа сметки со субвенции. Верувам дека со тоа ќе овозможиме и тренд на зголемување на бројот на нови потрошувачи коишто се од категориите пред сè на деловни корисници, рече првиот човек на РКЕ, Бислимоски.
Со новата одлука ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции со што пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Засега, како што посочи, нема да се намалуваат сметките за потрошена топлинска енергија на домаќинствата зошто се субвенционирани од страна на Владата.
Деталите ги има Борис Грујоски.
