СП Бразил: Струмица е најшанскиот град во Македонија!
14.06.2014 16:32
Пред да започне богатиот ноќен живот, струмичани пред екраните на познатите кафулиња кои навреме се подготвиле за следење на мундијалот. Нивниот фаворит е Шпанија...

Струмица е најшпанскиот град во Македонија, велат скопските навивачите на Барселона кои одлучија премиерниот наптпревар на Шпанија на Мундијалот да го гледаат во градот под Царевите кули. Велат дека Шпанија има сили да стигне до финалето, но и да ја освои светската титула.
„Очекувам најмалку финале, а во финалето борба со Аргентина за мундијалската круна“, вели Богдан Илиевски.
„Ние како прв официјален клуб во Македонија навиваме за Шпанија, но јас лично сум поврзан за Аргентина и Аргентина ми е во срцето“, вели Игор Филевски.
На секој ќош од струмичката чаршија будно се следеше натпреварот Шпанија- Холандија. Спортско загревање пред да започне ноќниот живот.
Менаџерите на кафулињата велат дека мундијалските денови носат посебна енергија и возбуда, па и обичното пиење кафе дава поинаква спортска нарација меѓу гостите.
Катерина Давчева
