Средба на Велковски со директорите на Јавните установи за згрижување и воспитување на деца
На средбата со директорите на градинките се разговараше и за зајакнување на превентивните мерки коишто ги преземаат министерството и самите градинки во насока на спречување на ширењето на големата кашлица, потенцирајќи ја потребата од почитување и примена на воспоставените мерки како во Скопје, така и во другите градови во државата...
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со директорите на детските градинки од цела Македонија, на која се разговараше за сите затекнати проблеми во детските градинки ширум државата и реалните можности за нивно решавање во периодот на техничка влада и по изборите на 8 мај.
На средбата со директорите на градинките се разговараше и за зајакнување на превентивните мерки коишто ги преземаат министерството и самите градинки во насока на спречување на ширењето на големата кашлица, потенцирајќи ја потребата од почитување и примена на воспоставените мерки како во Скопје, така и во другите градови во државата. Досега спроведените инспекциски контроли на територија на Град Скопје немаат утврдено неправилности и прекршувања од страна на детските градинки во главниот град.
„На наша иницијатива, моја со тимот минатата недела испративме известувања до градинките за да го почитуваат она што значи правната легислатива да не бидат запишувани дечиња коишто немаат вакцинален картон. Инспекторите се на терен, прават постојани контроли и имаме записници според кои до сега не се изречени мерки по однос на прекршување на делот примени дечиња во градинките без вакцинален картон. Во сите проверки кои се направени од страна на инспекторите во Скопје бидејќи овде е и жариштето, секаде каде се отидени инспекторите ги проверуваат досиејата и до сега не се најдени забелешки“, дополнува министерот Велковски.