Голема кашлица

Расте бројот на заболени, инспекторите на терен во градинките

29.02.2024 13:59

Расте бројот на заразени со голема кашлица. Во Скопје е прогласена епидемија. Во градинките се примаат само вакцинирани деца...

Надлежните институции тврдат дека во градинките се примаат само вакцинирани деца. Министерството за труд и социјална политика бара градинките да ја почитуваат правната легислатива, да не се запишуваат деца без или со нецелосен вакцинален картон, а записниците од спроведените контроли покажуваат дека нема прекршување на оваа одлука.

„Инспекторите се веќе на терен, добиваме записници каде што не се изречени мерки по основ прекршување на одлуката да не се примаат дечиња без вакцинален картон. Нема забелешки ни за нецелосно вакцинирани“, изјави Велковски.

Во периодов се засилува вакцинацијата против пертусис кај децата до претшколска возраст кои посетуваат градинка, но во министерството не располагаат со информација колкава е таа бројка. Од градинките велат дека засега приемот на тие деца зависи од совеста на родителите.

Во главниот град во ек е епидемијата на големата кашлица-пертусис, расте бројот на заразени.

 

Марина Стојанова-Тонева