Германија

Во Германија почна штрајкот на вработените во јавниот превоз

29.02.2024 14:20

Дводневен штрајк на вработените во јавниот превоз во Германија. Автобусите, трамваите и метрото престанаа да сообраќаат...

Дводневен штрајк на вработените во јавниот превоз во Германија. Автобусите, трамваите и метрото престанаа да сообраќаат. Регионалниот и меѓуградскиот железнички сообраќај се одвива според вообичаениот возен ред.

Нови прекини во работата се планирани за идната недела, иако синдикатот „Верди“ најави дека главниот ден на штрајкот ќе биде петок за кога протест најави и група климатски активисти барајќи поагресивна акција во борбата против климатските промени и поголеми инвестиции во јавниот транспорт.