Одбојка

Досега четири од четири!

14.06.2014 16:34

И двомечот со Данска со македонски целосен учинок во 4-тиот натпревар во Европската репрезентативна лига. Ако вчера преку 5 сета се дојде до триумф, денеска експресно по час и 20-тина минути се збришаа данците во три сета, 25:15, 25:20 и 25:22.

Македонските одбојкари ја нанижаа и 4-тата победа во ова натпреварување, со освоени 5 бода иако се планираа шест, давајќи јасен сигнал за целта која си ја имаат поставено пред себе, а тоа е фајнл-фор. До него ќе се стигне доколку нашите одбојкари завршат на едно од првите две места во групата Б, каде уште се и Турција, нашите следни противници и словенците. Со обете селекции ќе се играат двомечи.

Веќе следниот викенд во Скопје најверојатно во арената Борис Трајковски (ако се ”погодат” околу финансиите) од 15 часот вегуваме очи в очи преку мрежата со Турција. Практично тие и словенците се најсериозните конкуренти на нашите упорни одбојкари, кој и покрај сите перипетии одговорија на сите со доследност и пример, како се игра и почитува националниот дрес.