Индустриското парно поевтинува за 35%, домаќинствата ќе чекаат лето
Цената за парно греење за деловните корисници во Скопје намалена за 35 проценти. Гасот на берзите поевтин, ако ваквиот тренд продолжи, ќар ќе видат и домаќинствата.

Училиштата, градинките, малите дуќани и фирми, од следниот месец ќе плаќаат пониски сметки за греење. Индустриското парно поевтинува за 35%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според Марко Бислимоски, тоа се прави поради намалување на цената на гасот.
Ако останат сегашните цени на гасот, на редовното објавување нови ценовници во јули, и домаќинствата може да очекуваат поевтинување на парното. На прашањето зошто во вакви услови кога паѓа цената на гасот, не се намалуваат и ценata на домаќинствата, Регулаторот рече дека сега немало простор за тоа.
Домаќинствата ќе мора да почекаат до лето, кога ќе се формира новата цена на парното греење.
Со новиот ценовник за деловните субјекти, цената за домаќинствата е за 75% пониска за разлика од „индустриската“, а претходно цената за деловните субјекти беше 2,7 пати повисока отколку на домаќинствата.
Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централното градско парно.
Во моментов 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија, а само од старт на грејната сезона досега се приклучени околу 1.000 нови корисници.
Борис Грујоски
