Уписи во училиште

И оваа година тешко до термин за очен преглед за идните правачиња

29.02.2024 14:58

Потврда од офталмолог е задолжителна за запишување во училиште во мај. Матичните лекари почнаа да прават списоци на пациенти кои од септември ќе одат во прво одделение...

Матичните лекари почнаа да прават списоци на пациенти кои од септември ќе одат во прво одделение за да можат да им закажат преглед на очен лекар. Не постои посебен термин за овие деца, па сите чекаат заедно и оние со здравствен проблем и оние за на училиште. Потврда од офталмолог е задолжителна за запишување во училиште во мај.

Докторката Марковска вели, изминативе 4 години секоја година имавме проблем.

„Јас имам дете кое треба да оди во прво одделение и не знам колку ќе успееме на ниво на цело Скопје да закажеме преглед“, рече д-р Драгана Емел Марковска – педијатар.

За запишување во прво одделение потребен е и вакцинален картон или потврда за имунизација кој се зема од вакциналниот пункт, потврда за здравствената состојба ја издава матичниот лекар, потврда од направен стоматолошки превентивен преглед. Во меѓувреме ординациите се полни со деца со респираторни инфекции, во комбинација со алергии кои според доктор Марковска годинава почнале рано.

„Од година на година бројот ни се зголемува, групите се преполовени“, додаде д-р Драгана Емел Марковска – педијатар.

Училиштата и градинките да бидат единствените места каде што децата мора да бидат во затворен простор.

„Родителите да не ги носат во молови и игротеки“, рече д-р Драгана Емел Марковска – педијатар.

За 24 часа во Центарот за Јавно здравје Скопје регистрирани се 6 нови случаи на голема кашлица. Вкупната бројка на заразени со пертусис надмина 100, лекарите велат, реално е бројката да е над 1.000 заразени, но непотврдени.

 

Наташа Јанчиќ Менковски