Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзан влез во ЕУ, вели Џафери
Планот за економски раст на Западен Балкан е амбициозен и ќе овозможи побрзо спроведување на реформите, потребни за целосна европска интеграција. Ова е заклучокот од самитот меѓу лидерите од ЕУ и претставниците на ЕУ, одржан во Тирана...
Македонската влада силно го поддржува планот за раст на Западниот Балкан кој е најамбициозниот механизам предложен од Европската комисија, истакна техничкиот премиер Талат Џафери на самитот во Тирана. Додаде дека овој план има потенцијал да го промени регионот и да го забрза придвижувањето кон Европската унија. Планот за раст означува сериозен стимул за поголема економска интеграција на Западниот Балкан, со што се создаваат не само подобро можности за работни места, туку и зголемување на растот на бруто домашниот производ, истакна Џафери.
Планот за раст на Западниот Балкан, усвоен од Европската комисија, е главна тема на регионалниот самит во албанската престолнина. Планот е вреден 6 милијарди евра, пари за периодот до 2027 година. Од нив, 2 милијарди се неповратни средства, а останатите 4 се кредит.
Услов за помошта е спроведување на неопходните социо-економски и темелни реформи, а планот се темели на четири столба – јакнење на економската интеграција со единствениот пазар на Унијата и во Западниот Балкан преку заеднички регионален пазат, забрзување на темелните реформи и зголемување на финансиската поддршка за нив.
Марија Котовска