Прилеп

Заврши откупот на тутунот, родот преполовен

29.02.2024 15:21

Заврши откупот на тутунот, производителите не сакаат да се сеќаваат на, велат тешка и мачна откупна кампања. Родот е преполовен и е речиси 15.000 тони. Неопходни се законски измени, а и новата реколта почнува со несогласувања меѓу откупувачите и тутунарите.

Тутунарите не доаѓаа на пунктовите, откупувачите не даваа повисоки цени, за на крајот да се согласат.

Реколтата е нешто помалку од 15.000 тони, со просечна цена од 353 денари што е речиси преполовен род. Состојбите бараат итни измени во Законот за тутун, а пожелна е и либерализација на извозот. Процесот е почнат.

Нема усогласеност, ниту за новите договори. Тутунарите бараат 500 денари за прва, 420 за втора и 350 за трета, откупувачите за третина помалку. Сојузот ги повика тутунарите да не склучуваат договори.

Според законот, од први март почнува склучувањето договори за новата реколта тутун.

 

Елизабета Митреска