ЈП „Македонија пат“
Магла на патот Лисец - Попова Шапка
29.02.2024 19:58
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 25 метри има на патот Лисец - Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината кон условите на патот.
