Србија
Дојава за бомба во авион на белградскиот аеродром „Никола Тесла“
29.02.2024 21:24
По пријавувањето за наводна бомба, патниците биле веднаш евакуирани...

На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград вечерва е добиена анонимна дојава за бомба. По пријавувањето за наводна бомба, патниците биле веднаш евакуирани.
Истрагата е во тек, полицијата и безбедносните служби извршиле увид во авионот и околината. Аеродромот е затворен, а летовите се пренасочени кон Темишвар, јавуваат белградските медиуми.
