Свет

Вечерва итен состанок на Советот на ОН по масакрот во Газа

29.02.2024 21:56

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ќе одржи состанок зад затворени врати по смртта на околу сто лица, според податоците на Хамас, за време на дистрибуцијата на помош во храна во Појасот Газа, пренесуваат западните агенции. Во нападот има и голем број повредени, а бројките кои се објавуваат надминуваат 760 ранети.

Според неименуван дипломатски извор, итен состанок побарал Алжир.

Израелската армија, пак, тврди дека имало два инциденти во Газа, а војската пукала во толпа која се приближила премногу блиску до израелската позиција и покрај предупредувачките истрели.