Доделени Рациновите признанија
Доделени Рациновите признанија од годинашната исклучително добро осмислена манифестација посветена на поетот Кочо Рацин. Tридневното чествување завршува вечер со проекција на документарниот филм „Елегија за тебе“...

Со перформанс на шест различни сцени, Македонија му оддава почит на Коста Солев Рацин, човекот кој со својата „Бели Мигри“ го трасираше патот на современата македонска литература.
„Оваа година е година на Белите мугри а секој ден во неа е по еден стих од недоречената љубов испишана со крв во песната што ја запре истрелот“,рече Славчо Чадиев , Градоначалник на Велес.
Рацин во својот живот не бил наградуван , но затоа ги наградува оние кои несебично го промовираат македонскиот јазик и македонската култура.
„Награда е обврзувачка и во иднина ќе настојувам да ја н промовирам македонската култура и јазикот насекаде но и да ги зајакнуван врските помеѓу Македонија и БиХ “, рече Тања Ступар Трифуновиќ, добитник на Почесното Рациново признание.
Поетот Паскал Гилевски многупати бил наградуван,но Рациновата награда му е најдрагоцена, бидејки романот Посмртна венчавка кој е реликвија за неговите родители вели денес како да ја отсликана борбата за нашето национално докажување.
„Непреставуваат перфидните негации на нашето минато , на нашето име и идентитет.Тоа го знаат сите го знаат и во бироата на ЕУ“, рече Паскал Гилевски, добитник на Рациновото признание.
Со проекција на играно дикументарниот филм Елегија за тебе, вечерва во Велес завршуваат 51те Рацинови средби.
Дијана Иванова
