Влада
Џафери во посета на Општина Гостивар
01.03.2024 08:13
Премиерот Џафери ќе присуствува на увид во градежните активности на делницата Гостивар – Букојчани дел од Коридор 8, по што ќе даде изјава за медиумите...

Претседателот на техничката влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Гостивар. Премиерот Џафери ќе присуствува на увид во градежните активности на делницата Гостивар – Букојчани дел од Коридор 8, по што ќе даде изјава за медиумите.
Како што најавуваат од владината прес-служба, премиерот Џафери ќе ја посети Јавната здравствена установа – Општа болница „Ферид Мурад“, а ќе присуствува и на увид на градежните активности на патот Здуње – Дебреште.