свет
Загинати и повредени во пожар во седумкатница во Бангладеш
01.03.2024 08:37
Според извештаите, пожарот избувнал во ресторан во квартот и брзо се проширил на горните катови...

Најмалку 43 лица загинаа а десетици се повредени во пожар што уништи седумкатница во главниот град на Бангладеш, Дака. Според извештаите, пожарот избувнал во ресторан во квартот и брзо се проширил на горните катови.
По два часа битка со пламените јазици, 75 лица се спасени, се наведува во соопштението на противпожарната служба.
