Убиство
Убиство во Прилеп, избодено 14 годишно момче
01.03.2024 08:40
Свирепо убиство во центарот на Прилеп. Момчето било избодено со нож.

Свирепо убиство во центарот на Прилеп. Момчето било избодено со нож. Очевидци тврдат дека група млади луѓе имале физичка пресметка, по што момчето почнало да бега од групата, но по неколку десетици чекори паднало на влезот на прилепската чаршија.
Со итната медицинска помош било префрлено во прилепската болница, но момчето починало. Полицијата го истражува убиството. Засега нема информации за идентитетот и возраста на жртвата.
