Стареењето на населението- најголем проблем на 21-от век!
Најголем проблем на 21-виот век ќе виде стареењето на населението во светот. Американски експрти и разузнавачки анализи оценуваат дека европа и азија ќе станат држави на повеќе постари граѓани отколку млади. Решенеието е владите на овие земји итно да почнат да стимулираат зголемување на наталитетот...

Американскиот Национален разузнавачки совет предвидува дека до 2030-та година во Европа и некои држави на Источна Азија населението се повеќе ќе старее поради намалување на наталитетот во овие земји. Јапонија и Германија во моментов имаат најстаро население во светот. Просечната старост во Јапонија е 51 година, а во Германија над 45 години. Предвидувањата на американското Биро за попис и Одделот за популација на Обединетите нации е дека во 2030-та, 19 до 29 држави ќе ја надминат оваа старосна граница.
Се помалку деца се раѓаат и на Балканот. Според американските анализи, старее населението во Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Романија и Србија, поради намалениот наталитет и имиграцијата.
Македонија е некаде на граница, но во последнава деценија е значително намален наталитетот и влегува во ризичната група држави. Во 2030-та, во Кина, Украина, Русија, Тајланд, Италија, Грција и Шпанија, ќе има повеќе постари луѓе отколку млади. Експертите советуваат владите што побрзо да почнат стимулирање на раѓање на повеќе деца преку доделување поволности на брачните двојки коишто имаат три или повеќе деца.
„Франција и Шведска се два примери за успешно справување со стареењето на населението на различни начини“, смета Дејвид Колман-американски експерт за популација.
Населението во државите во 2030-та ќе биде најмногу мешано. Поради стареењето на населението, државите ќе стимулираат доселување на помлади работници од странство. Европската Унија ќе троши се повеќе финансиски средства на социјални програми бидејќи луѓето ќе имаат подолг животен век.
Американскиот експерт Џек Голдстоун смета дека воената моќ на Америка ќе се намали бидејќи во иднина ќе има се помалку млади луѓе коишто ќе бидат војници. Експертот Марк Хас смета дека иднината на НАТО може да биде загрозена бидејќи европските сојузници се повеќе ќе ги намалуваат воените буџети за да ги финансираат социјалните програми.
Предвидувањата се дека населението во 21-тиот век се повеќе ќе старее.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
