САД

Американскиот Конгрес усвои мерка со која е избегната делумна блокада на федералните власти

01.03.2024 08:57

Мерката треба да биде потврдена од Сенатот...

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои мерка со која во последен момент е избегната делумна блокада на федералните власти. Мерката треба да биде потврдена од Сенатот. Договорот обезбедува продолжување на финансирањето до 8 март, со што се избегнува блокирање на работата на бројни државни агенции и јавни служби.
 

Водечките рејтинг агенции предупредија дека секогаш тензија околу буџетот на САД меѓу поделениот Конгрес негативно влијае на кредитниот рејтинг на земјата чиј долг надмина 34 милијарди долари.