Русија

Засилено полициско присуство во Москва пред погребот на Навални

01.03.2024 09:01

Погребната церемонија ќе одржи напладне во црква во југоисточниот дел на Москва. Навални почина во средината на февруари во далечната казнена колонија на Арктикот...

Засилено полициско присуство околу московските гробишта пред погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Погребната церемонија ќе одржи напладне во црква во југоисточниот дел на Москва. Навални почина во средината на февруари во далечната казнена колонија на Арктикот.

Руските власти не ја објавија причината за смртта, за што западот директно го впери прстот кон властите во Кремљ. 47-годишниот Навални беше најголем критичар на рускиот претседател Путин.