АМСМ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

01.03.2024 09:04

АМСМ препорачува адаптирана брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува адаптирана брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.