Европа
Втор ден штрајк на вработените во јавниот превоз во Германија
01.03.2024 09:11
Регионалниот и меѓуградскиот железнички сообраќај се одвива тековно...

Втор ден од штрајкот на вработените во јавниот превоз во Германија. Автобусите, трамваите и метрото не сообраќаат. Регионалниот и меѓуградскиот железнички сообраќај се одвива тековно. Синдикатот „Верди“ најави дека денеска е главен ден од штрајкот.
Во големите германски градови протест најавија и група климатски активисти барајќи поагресивна акција во борбата против климатските промени и поголеми инвестиции во јавниот транспорт.
