Се бара квалитет: Владата го распиша најголемиот оглас досега
Вкупно 159 места им стојат на располагање на нови, но и на актуелните функционери. Распишан е оглас и за над 220 позиции во управни и надзорни одбори во државните агенции, јавните претпријатија и клиниките...

За амбасадори, војни аташеа, државни секретари, директори на управи, државни агенции и фондови, вкупно 159 места им стојат на располагање на нови, но и на актуелните функционери. Од раководни позиции на центрите за култура, до центрите за социјални работи и енергетските компании, сите заинтересирани можат да аплицираат на владиниот оглас до крајот на месецот.
„Овој оглас не е законска обврска на Влдата, но ние имавме цел да обезбдедиме една широка основа, една мобилизација која ќе резултира со еден нов кавалитет на работа на државните институции“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Распишан е оглас и за над 220 позиции во управни и надзорни одбори во државните агенции, јавните претпријатија и клиниките.
„Сите оние лица што ќе се обидат да извршат некаво влијание, кое што ќе води до некој вид на протекционизам нема да бидат толерирани, и тоа наместо некаква фиктивна предност ќе се смета за негативна карактеристика“, истакна Ѓорѓиев.
Заинтересираните апликацијата можат да ја најдат на владината интернет страница. Кандидатите ќе бидат интервјуирани и тестирани. Ова е втор владин оглас. На првиот, минатат година имало илјадници апликации, и биле пополнети поголем дел понудените места.
Наташа Јанчиќ
