МВР: 182 санкции за брзо возење
Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 182 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 80 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.