Скопје

Без вода делови од општина Карпош

01.03.2024 09:53

ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат делови од општината Карпош...

ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат делови од општината Карпош.

Поради реконструкција на водоводна мрежа ф 80 мм на улицата Кнез Трпимир бр. 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Трнодол од 09:00 часот до завршување.

Поради изведување на водоводен приклучок ф 6/4“ на ул. Козле 3б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Козле крак 6 од 10:00 часот до завршување.