МВР

Претрес во Тетово, приведен дилер

01.03.2024 11:25

Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот тетовец Е.М...

На 29.02.2024 околу 20.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот тетовец Е.М. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.