Груевски: И подавам рака на СДСМ за доброто на земјата

14.06.2014 17:18

Зборуваат за диктатура, а спијат на милиони. Каква ли ќе беше земјата доколку немаше диктарура и колкави суми партиските челници на СДСМ ќе имаа на банковните сметки – праша Груевски. Време е да ги закопаме секирите, рече Груевски...

Социјалдемократите да престанат со деструктивното однесување. Подавам рака за да се натпреваруваме со идеи и проекти за доброто на земјата – рече премиерот Груевски на одбележувањето на 23 годишнината од постоењето на партискиот подмладок. 

Зборуваат за диктатура, а спијат на милиони. Каква ли ќе беше земјата доколку немаше диктарура и колкави суми партиските челници на СДСМ ќе имаа на банковните сметки – праша Груевски. Време е да ги закопаме секирите, рече Груевски.

„Јас сум спремен да им помогнам да излезат од оваа каша. Јас сум спремен да им понудам пакет кој ќе ги аресира сите нивни грижи. Единствено што барам од нив е да престанат со ова деструктивно однесување за државата и за сите граѓани во неа. Јас подавам рака. Нивно е дали ќе ја прифатат. Македонија мора да оди напред, а СДСМ мора да се однесува одговорн“, посочи Груевски.

На првата владина седница ќе се усвои заклучокот за отпис на долговите, рече премиерот. Ќе се работи интензивно на отворање на ветените 64 илјади нови работни места со кои ќе се обезбеди сигурна иднина на младите.

„Ние младите заедно можеме да придонесеме за силна Македонија. Иднината е во младите“, нагласи Владимир Неловски – претседател на УМС.

Првиот човек на владата рече дека 9 компании веќе најавиле инвестиции во земјава, а деновиве за нашата бизнис клима се заинтересирале и уште неколку американски и руски инвеститори.

„Секоја недела примам високи претставници на крупни корпораци кои се дојдени да испитаат што е тоа што во последно време почнува да ја прави Македонија хит меѓу инвеститорите и покрај тоа што земјата не е членка на ЕУ и НАТО“, истакна Груевски.

Економијата останува во фокусот  на новата влада. Ветените проекти ќе се остваруваат со несмален интензитет рече Груевски, за што безрезервна помош очекува од двајцата нови министри без ресор задолжени за привлекување странски капитал во земјава.

 

Анита Димитријевска