Македонија

Армиските „Волци“ одбележаа 30 години постоење

01.03.2024 11:56

Баталјонот на специјални сили при Армијата чие мото е „Секогаш и секаде први“ денеска во касарната „Илинден“ одбележа 30-години од формирањето. Баталјонот го прославува 1-ви март, како датум во спомен на денот кога 1994 година е формирана првата специјална единица во Армијата, препознатлива како „Волци“, која воедно е и првата професионална единица...

„Секогаш секаде први“ ова е мотото на најелитната единица на армијата „Волци“, која со своето дејствување дома и во странство ги постави стандардите за професионална и високо обучена сила.

Баталјонот за специјални цели беше и првата единица која по членството во НАТО доби највисоки оценки од Алијансата.

На денот на формирањето на единицата присуствуваа и поранешните припадници и семејствата на загинатите.

 

Ирина Гелевска