Македонија

Претставена првата генерација 32 амбасадори на проектот „Иднината почнува дома“

01.03.2024 12:16

Меѓу амбасадорите на „Иднината почнува дома“ се и актерката Дарја Ризова, деветгодишниот математичар гениј Македон Димитриевски, пијанистот Дино Имери, Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, наставничката Весела Богдановиќ, единствена македонска добитничка на глобалното признанието „50 најдобри едукатори во светот“, олимпиецот Дејан Георгиевски...

TИРЗ и Стопанската комора ја претставија првата генерација амбасадори во рамки на проектот „Иднината почнува дома“. 32 млади успешни и инспиративни луѓе од различни сфери беа избрани заедно со пошироката јавност, ТИРЗ и Стопанската комора. Бројката од 32-ца млади, амбасадори на „Иднината почнува дома“, симболизира 32 години од независноста на Македонија кои преку својот пример придонесуваат за нејзиниот иден раст и развој.

Меѓу амбасадорите на „Иднината почнува дома“ се и актерката Дарја Ризова, деветгодишниот математичар гениј Македон Димитриевски, пијанистот Дино Имери, Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, наставничката Весела Богдановиќ, единствена македонска добитничка на глобалното признанието „50 најдобри едукатори во светот“, олимпиецот Дејан Георгиевски, како и стопанственици, професори, граѓански активисти, културни работници, студенти и ученици.

Во своите пораки претседателот на државата Стево Пендаровски и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски истакнаа дека овие луѓе и уште многу како нив треба да го добијат вниманието на јавноста како пример на идни лидери  кои ќе ја движат државата напред.

ТИРЗ и Стопанската комора го почнаа концептот „Иднината почнува дома“ во декември 2023 година. Целта на иницијативата е креирање платформа преку која овие успешни млади ќе ги мотивираат младите но и ќе придонесат во креирањето на политики и иницијативи наменети за поддршка на младите во земјава.