Инспекциски надзор на цените
За заштита на граѓаните единствено се бара спас од инспекторите, но колку реално тие можат да помогнат? ...

Дали и колку ќе се зголемат цените на храната, единствено познато во овој момент е неизвесноста. И од Организацијата на потрошувачи очекуваат да има покачување на цените, но велат дека не е во ред што потрошувачите се доведуваат во ситуација на страв околу ценовните шокови. Според нив, оваа мерка требаше да трае барем до изборите. Проблемот го гледаат и во тоа што врз основа на Закон за потрошувачи, не може да се поведе колективна заштита на потрошувачи. Се работи на таа проблематика.
Сè уште се чека пратениците во Собранието да го донесат Законот за нефер трговски практики, со којшто треба да се амортизира состојбата. Но од организацијата на потрошувачи, велат дека тој закон ги уредува односите меѓу бизнисот.
Од Државен пазарен инспекторат, велат дека се на терен и ја следат состојбата со цените, но и оттаму за заштита на потрошувачите го чекаат новиот закон.
Засега граѓаните може само да ги информираат доколку видат нерегуларности.
Во информацискиот систем за инспекциски надзор, е-инспектор, месецов ќе бидат приклучени сите инспекторати, за кои е надлежен инспекцискиот совет на земјава, со што ќе се заокружи проектот за целосна дигитализација на инспекциските надзори.
Апелираа до трговците на мало и големо да направат акции и да ги задржат цените на основните прехранбени производи, на ниво на стандардот на граѓаните. Засега граѓаните може само да ги информираат доколку видат нерегуларности.
Ана Јосифовска Тодоровска
