Избори 2024

Пендаровски ја најави својата кандидатура

01.03.2024 13:16

Пендаровски доби поддршка за втор мандат од највисокото раководство на владејачката СДСМ. Претседателските избори ќе се одржат на 24 април 2024 година, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори...

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ја објави неговата повторна кандидатура за претстојните избори.

Првата и главна причина поради која се кандидира, вели, е тоа што зад себе има мандат без ниту една стратешка грешка. Без ниту една корупциска афера, ниту еден случај на непотизам и судир на интереси поврзани со мене, моето семејство, роднини … Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство на Македонија во НАТО и во мојот прв мандат станавме членки на Алијансата. Очекувам во мојот втор мандат да станеме членка на ЕУ, вели Пендаровски.

Пендаровски доби поддршка за втор мандат од највисокото раководство на владејачката СДСМ. Претседателските избори ќе се одржат на 24 април 2024 година, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Миле Ристески ги има деталите.