Македонија
Расчистено убиството во Прилеп, приведени две лица
01.03.2024 13:31
Полицијата вели дека го расчистила случајот и се приведени две лица, од кои еден малолетник од селото Сенокос, од каде е и момчето...

Прилепчани шокирани и потресени од синоќешното убиство на 14-годишното момче во центарот на Прилеп. Полицијата вели дека го расчистила случајот и се приведени две лица, од кои еден малолетник од селото Сенокос, од каде е и момчето. Малолетникот, велат го признал делото. Но, кои биле мотивите за овој свиреп настан, сè уште не се кажува. Повеќе детали за случајот, во Дневникот известува Елизабета Митреска.
