Продолжува голготата со отпадот во Тетово
Тетово повторно тоне во отпад откако пред еден месец градските власти свечено ја промовираа словенечка компанија која го презеде менаџирањето со сметот. И додека куп ѓубришта има во секое тетовско мало, градските власти започнаа кампања за подигање на еколошката свест...

Купишта смет околу контејнери, мини депонии пред училишта и градинки.
Наместо почист, тетовци добија повалкан град откако минатиот месец словенечка компанија го презеде менаџирањето со сметот.
Еколошките организации велат дека не паметат вакви слики во градот, со прашина, кал и ѓубришта во секое тетовско мало.
Очекувавме промена, но таа очигледно се однесува само на повисоки комунални сметки, велат екологистите.
Градоначалникот Билал Касами вели дека се појавиле бирократски пречки околу регистрација на самата компанија. Уверува дека проблемот за кратко ќе биде надминат.
И додека општината тоне во смет општинскиот инспекторат започна кампања за подигнување на еколошката свест.
Ученици делеа летоци како граѓаните да се однесуваат со животната средина.
Превенцијата е најдобар лек велат инспекторите, но ги повикаа граѓаните почесто да пријавуваат загадување на околината.
Зоран Димовски