МНР

Министерот Османи во Турција на Анталија дипломатскиот форум

01.03.2024 13:54

Османи ќе има обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија кои ќе гарантираат стабилност и мир во регионот...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи престојува во работна посета на Република Турција, по повод учество на Анталија дипломатскиот форум.

Во форумот, Османи ќе има обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија кои ќе гарантираат стабилност и мир во регионот, како и улогата на регионалните иницијативи и нивниот придонес кон решавање на отворените прашања.

На маргините на дипломатскиот форум во Анталија, Османи ќе оствари бројни билатерални средби со негови хомолози од различни земји, соопштуваат од МНР.