Леброн на девет поени до историја

01.03.2024 14:19

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс синоќа на домашен терен го совладаа Вашингтон...

На Леброн Џејмс му недостасуваат само девет поени да стане првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој постигнал 40.000 кошеви.

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс синоќа на домашен терен го совладаа Вашингтон по продолжение со 134-131, нанесувајќи му го на гостинскиот тим 13. пораз во серија сезонава во НБА лигата.

Лејкерси до триумфот ги предводеа Ентони Дејвис со 40 кошеви и 15 скокови, и Леброн Џејмс со 31 поени и девет асистенции.

Во составот на Вашингтон најефикасен беше Џордан Пул со 34 поени.