Седмо извлекување на „Фискална во рака- Награди без мака“ на 30 јуни на МРТ

14.06.2014 17:48

Во ова коло ќе се влечат добитници на стан, деловен простор, автомобил, како и на 150 вредносни ваучери...

На 30 јуни, со директнен пренос на Македонската телевизија, ќе се одржи седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – Награда без мака“.

Во ова коло ќе се влечат добитници на стан, деловен простор, автомобил, како и на 150 вредносни ваучери.

Во седмата рунда, учествуваат и неизвлечените коверти од претходните кола.

И за ова коло, Државна лотарија на Македонија подготвува караван кој ќе започне во вторник 17  јуни, па се до недела, 29 јуни. Ова ќе биде караван со најголема покриеност на градови низ Македонија досега.

Во текот на овој караван на Државна лотарија на Македонија,  промоцииите ќе се одвиваат од 11до 15 часот пред продажните места обележани со знакот СРЕЌНО МЕСТО.