Светот се збогува со рускиот опозиционер Алексеј Навални
Алексеј навални погребан во кругот на најблиските. Поддржувачите со аплауз и со скандирање, го испратија путиновиот критичар. Паднаа и првите апсења...

Со биење на црковните камбани и громогласен аплауз, стотици луѓе го испратија рускиот опозиционер Навални на патот кон неговото вечно почивалиште.
„нема да заборавиме, Русија ќе биде слободна“-скандираше толпата оддавајќи му последна почит.
„Ова е огромна загуба. Нашето најдлабоко сочувство до мајката, неговата сопруга и неговите деца. Изгубивме многу“.
„Денешниот настан е многу тажен, но и многу важен. Секој што дојде овде денеска е човек кој ја исполнува својата граѓанска должност. Тој се занимаваше со политика во Русија веќе дваесет години. Оние луѓе кои следат што се случува, секако им е очигледно дека овој човек е херој на нашата земја“.
Две недели по неговата смрт, Навални е погребан на московските гробишта во кругот на семејството и родните-кажано последното „збогум“.
И покрај предупредувањата од Кремљ дека собирањето на луѓе за погребот на починатиот руски опозиционер е во спротивност со законот, под силно полициско обезбедување, поворката поддржувачи на критичарот на Путин, се упати кон гробиштата да положи цвеќиња. Паднаа и првите апсења поради скандирања против Путин.
Кремљ претходно предупреди дека сите неодобрени собири за поддршка на покојната руска опозиција ќе бидат проследени со апсења.
„Потсетуваме дека има закон кој мора да се почитува. Сите неовластени собири ќе го прекршат законот, така што тие што ќе учествуваат во нив ќе одговараат согласно со важечкиот закон“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
На погребната церемонија беа присутни и западни дипломати, вклучително и амбасадори од САД, Германија и од Франција. Голем број поддржувачи на Навални му оддадоа почит и пред руската амбасада во Германија.
Бојана Крстевски
