Нови документи

Омбудсманот го повика МВР да биде поефикасно

01.03.2024 15:00

Народниот правобранител денеска на брифинг го повика МВР да биде поефикасно во постапките за личните документи...

Извршителите ги одбиваат барањата за запирање на застарените постапки со изговор дека нема образец и не постои правна норма,вели народниот правобранител. Се поголем број претставки на негова адреса дека не се применуваат измените во законите за облигациони односи и за извршување. Според омбудсманот не постои пречка, алармира на изнаоѓање решение.

Омбудсманот го повика МВР да биде поефикасно во постапките за личните документи. Негови екипи дирекно интервенирале на терен во потрага по готови документи на граѓаните.

50 претставки по различен основ за лични документи, најголем број од нив за неможноста на подигнување на готови документи.

Народниот правобранител го вклучи алармот и за претстојните избори. Порача-да не се доведе во прашање уставно загарантираното право на глас за оние кои влегуваат во полнолетство.

Зибери повика МВР да издава трајни лични карти за граѓаните над 65 години.

 

 

Наташа Гркова-Петрушевска