Состојбата во Ирак екслаира!

14.06.2014 17:54

Владатa на премиерот Малики и даде широки овластувања на армијата и почна масовна мобилизација...

Ескалираше состојбата во Ирак. Влада почна контра–офанзива за одбрана на Багдад, по вчерашните напади на џихадистите кои се доближуваат до главниот град од три страни. Војската најде 12 тела на запалени полицајци. Владатa на премиерот Малики и даде широки овластувања на армијата и почна масовна мобилизација.

„Луѓето кои се одговорни за се што се случуваше овие денови ќе бидат казнети, одговорност ќе понеста дури и оние кои ги напуштија своите работни места. На сите ќе им се суди според законите кои важат во земјава“, изјави Нури Ал Малики, премиер на Ирак.

Најмалку 30-мина загинаа при експлозија на автомобил- бомба на пазар на границата меѓу Ирак и Сирија, јави сириската национална телевизија. Меѓу загинатите има и цивили.