Полска

Возило удри во група луѓе на трамвајска станица во Полска

01.03.2024 20:32

Најмалку 19 лица се повредени денеска кога автомобил удрил во луѓе кои чекале на трамвајска станица во северозападниот полски град Шќечин, соопшти локалната полиција.

Најмалку 19 лица се повредени денеска кога автомобил удрил во луѓе кои чекале на трамвајска станица во северозападниот полски град Шќечин, соопшти локалната полиција. При бегатството, автомобилот се судрил со уште три возила.

Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шќечин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен. 

Меѓу повредените има и три деца, изјави портпаролот на локалната полиција Павел Панкао. Според информациите, две лица се во критична состојба.

Инцидентот се случил на фреквентна крстосница на почетокот на попладневниот шпиц, околу 16 часот по локално време. Полицијата не се сомнева на тероризам.