УХМР

Променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд

02.03.2024 08:30

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно време со услови за краткотраен дожд.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно време со услови за краткотраен дожд.

Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 16 степени. За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло.

Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег.