МВР
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведен дилер
02.03.2024 09:05
При претрес во неговиот угостителски објект и во помошни простории од објектот во Гостивар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од кокаин.

Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска во 01.45 го лишиле од слобода Б.Ѓ.(34) од Гостивар. При претрес во неговиот угостителски објект и во помошни простории од објектот во Гостивар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од кокаин.
Б.Ѓ. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува МВР.
