Расте бројот на заразени со голема кашлица, нови 56 случаи минатата недела
Заклучно со 29-ти февруари годинава во државава регистрирани се вкупно 123 случаи на голема кашлица, најголем број од нив во Скопје. Пет лица се од Тетово, четири лица живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица и Дебар...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од 23-ти до 29-ти минатиот месец регистрира 56 нови случаи на голема кашлица, од кои 54 се во Скопје, а по еден во Струмица и во Дебар. Најголем број се деца од 10 до 14 години. Од новите 56 случаи, хоспитализрани се три, две деца на возраст под една година и едно од возрасната група од 1 до 4 години.
Заклучно со 29-ти февруари годинава во државава регистрирани се вкупно 123 случаи на голема кашлица, најголем број од нив во Скопје. Пет лица се од Тетово, четири лица живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица и Дебар.
Од вкупниот број на регистрирани 123 случаи, 77 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од заболените, регистрирани се 27 лица со хоспитализација и тоа 22 од нив на возраст до четири години, информира ИЈЗ.
Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЈЗ, вршат интензивно пребарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.
