Десетици лица приведени на погребната церемонија на Навални
Руската група за човекови права наведува дека се приведени над 45 лица низ цела Русија, а најмногу – 18 лица се приведени во Новосибирск. Соработниците на Навални го пренесуваа настанот во живо на интернет.

Десетици лица се приведени за време на погребната церемонија во Москва на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. По погребот, полицијата почнала акција за апсење на сите кои извикувале спорни пароли.
Руската група за човекови права наведува дека се приведени над 45 лица низ цела Русија, а најмногу – 18 лица се приведени во Новосибирск. Соработниците на Навални го пренесуваа настанот во живо на интернет.
Околу половина милион луѓе во живо го следеа стримингот од погребот на Навални на неговиот канал на Јутјуб, кој е блокиран во Русија. Погребот беше проследен од западните медиуми, а на збогувањето пристигнаа и странски амбасадори во Москва, меѓу кои и оние на САД, Франција и Германија.
Западните лидери повторно изразија сочувство, потенцирајќи дека тој ќе биде инспирација за многумина.
„Верувањата на Навални нема да исчезнат – идеите не можат да се измачуваат, трујат или убиваат. Тој останува инспирација за многумина во Русија и пошироко“, наведе на платформата „Икс“ европретставникот за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
