Претседателски избори 2024

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Силјановска-Давкова, СДСМ утре со конгрес за Пендаровски

02.03.2024 10:19

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје ќе одржи конвенција за избор на кандидат за претседател на државата, за која функција на партискиот повик се пријави професорката Гордана Силјановска- Давкова. СДСМ, пак, утре ќе одржи конгрес на кој треба да се официјализира поддршката за актуелниот претседател Стево Пендаровски...

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи конвенција за избор на кандидат за претседател на државата, за која функција на партискиот повик се пријави само професорката Гордана Силјановска-Давкова.

СДСМ, пак, утре ќе одржи конгрес на кој треба да се официјализира поддршката за актуелниот претседател Стево Пендаровски. Тој до ДИК ја достави и иницијативата за собирање потписи, а тоа го најавува и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска-Давкова.

Претседателскиот кандидат на Левица, професорката Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ ги собраа потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура. Претходно, потребните потписи ги собраа и кандидатот на ЗНАМ, Максим Димитријевски, на ДУИ-Бујар Османи и на коалицијата „Вреди“-Арбен Таравари.