Пазар на труд

Младите во руралните средини не се информирани за мерките за бизнис можности

02.03.2024 10:36

Голем број млади во земјава не се информирани какви бизнис можности и мерки им се нудат. Најтешко е во руралните средини. Младите и невладините организации бараат институциите да не спијат за потребите на младите, зашто неповратно ќе ја напуштат земјава …

Џафедин Сулејмани од долненското село Црнилиште смета дека младите во руралните средини, не знаат за мерки и можности за вработување. Бара повеќе информираност и активност.

Дури 70 насто од младите кај нас не знаат за актуелните мерки за вработување и не се информирани. Најтешко е во руралните средини. Мултиетничката општина Долнени преку невладините има желба да ги вклучи младите во социо-економските можности за новите генерации. Но, институциите треба да се разбудат.

Неопходно е едуцирањето на младите какви можности имаат за бизнис и вклучување во пазарот на трудот.

Елизабета Митреска