Штип

Комуналните инспектори тешко се справуваат со неодговорните граѓани

02.03.2024 12:00

Дваесет и две години на терен работат комунални инспектори и сè уште главен проблем е санкционирање на оние кои исфрлаат отпад на несоодветни локации. Во недоволен број и со ограничени ингеренции тешко се справуваат со лошите навики на граѓаните.

И по две децении работа комуналните инспектори ги има во недоволен број и со недоволно ингеренции за да го штитат од загадување јавниот простор. Казните од 40 евра за исфрлање на отпад на диви депонии немаат ефект.

Голем дел од отпадот во Штип е текстилен, а во Струмица илјадници тони отпад е растителен. Дел од земјоделците го компостираат, но општината планира да го зајакне овој тренд.

Во државата има околу 130 комунални инспектори, дел од помалите општини, немаат ниту еден. Инспекторот во Општина Босилово контролира 15 населени места.

Подобрување на состојбата се очекува со формирање на комунална полиција по терк на земјите од регионот, што е дел ЛЕАП-от на Град Скопје и на владината програма.

Славица Величковска