Кандидатите за претседател ги собираат потребните потписи
Ванковска и Јакимовски им се придружија на Османи, Таравари и Димитриевски. Ги собраа потребните десет илјади потписи за влез во претседателската трка…

Државната изборна комисија соопшти дека петмина кандидати собрале 10.000 потписи за својата кандидатура.
Место на избирачкото ливче за претседателските избори добија кандидатот на ДУИ Бујар Османи, кандидатот на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари, кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски, кандидатката на Левица Билјана Ванковска и кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.
Преостанатите кандидати имаат рок до полноќ на 8-ми март да соберат 10.000 потписи за својата кандидатурата. Досега, кандидатот Вело Марковски има 1.330 потписи, кандидатката Мерсиха Смаилагиќ 1.286 потписи, а другите кандидати под 1.000 потписи од граѓаните.
Најновите информации од Државната изборна комисија ги има Ирина Гелевска.
