Економија

Граѓаните не очекуваат намалување на цените

02.03.2024 15:11

Сабота е ден за пазарење. Но, од оваа веќе нема загарантирани цени. Поплиток џеб, попразни торби…

Одмрзнувањето на цените ги удри граѓаните по џеб. Околу 10 насто повеќе чинат дел од основните производи кои до скоро беа под мраз. Нема оптимизам меѓу купувачите дека трговците ќе се солидаризираат со скромниот домашен буџет на просечниот граѓанин, напротив-очекуваат продавачите да го гледаат сопствениот интерес и профит.

Маалските дуќанчиња засебно кројат политика како да ги задржат муштериите. Не сакаат да ги зголемат цените, но не знаат до кога ќе опстојат под притисокот на добавувачите кои веќе ги известиле дека дел од асортиманот ќе чини повеќе.

Во услови кога сè уште не се донесен Законот за нефер трговски практики, професорот Пејковски вели – гарантирани цени мора да има.

Ново замрзнување на цените не е предвидено.

Анита Димитријевска – Велковска